Зеленски: Украина е подготвена да отвори шест кластери за интеграција во ЕУ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Украина е подготвена да отвори шест кластери за интеграција во Европската Унија и дека очекува ова лето да се постигнат повеќе резултати во процесот.
Зеленски во своето редовно вечерното видео обраќање до сонародниците рече дека Украина веќе се подготвила за дипломатските настани во следната недела.
Тој потсети дека ЕУ ја потврди својата подготвеност да го отвори првиот кластер во преговорите за пристапување со Украина, оценувајќи дека ова му дава нов импулс на тој процес, објави Укринформ.
„Направивме апсолутно сè за овој напредок и сум благодарен на сите што помогнаа и на сите што работат за нашата земја“, рече Зеленски.
Тој вети дека нема да има одложување во процесот на пристапување во ЕУ од украинска страна.
Оваа недела, Советот на ЕУ официјално го започна процесот на отворање на кластерот 1 во преговорите за пристапување на Украина и Молдавија во Европската Унија.
МИА
Ново на Сител
-

Дедо го истепал внукот во Крива Паланка, потоа бил нападнат од сопствениот син
-

Мајка во банка во Центар агресивно се однесувала кон својата 22-годишна ќерка
-

67-годишен охриѓанец починал на лице место откако паднал со мопед
-

Нова вонредна дератизација во понеделник во општина Центар
-

Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за случајот „Државна Лотарија“
-

ТАВ ја укина одлуката за ограничување од еден бесплатен влез по возило во 24 часа на Скопскиот аеродром
-

„Skopje Pride“ утре ќе протестира пред Амбасадата на Турција за поддршка на своите соборци во Турција
-

11 недели по формирањето, распуштена единицата за дрога во Куманово поради немање резултати
