Зеленски: Украина е подготвена за технички преговори со САД и Русија

Украина е подготвена да учествува во технички трилатерални преговори со Соединетите Американски Држави и Русија, кои до крајот на октомври би можеле да се одржат во Обединетите Арапски Емирати или во друга земја што ќе ја предложи Вашингтон, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, истакнувајќи дека сега е ред на Русија да одговори на предлогот.
Зеленски, како што пренесува „Укринформ“, ова го изјави за време на разговорот со новинарите во Киев, заедно со германскиот канцелар Фридрих Мерц.
„Американската страна контактираше со Украина и Русија и предлага до крајот на октомври да се одржи состанок на техничко ниво, во трилатерален формат. Вчера потврдив дека сме отворени за учество во Емиратите или во друга земја што ќе ја предложи американската страна“, рече Зеленски.
МИА
Ново на Сител
-

Продолжуваат обвинувањата за набавката на Леонардо хеликоптерите
-

АФД со предност од 10% преку ЦДУ/ЦСУ на федерално ниво
-

Преглед на вестите од светот
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
