Зеленски, Виткоф и Кушнер пристигнаа на преговори за Украина во Париз

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски пристигна во Париз, каде ќе учествува на состанокот на „Коалицијата на подготвените“, соопшти неговиот портпарол.
Во Елисејската палата пристигнаа и специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и неговиот зет Џаред Кушнер.
Се очекува состанокот на „Коалицијата на подготвените“ да биде посветен на придонесите на земјите во мултинационалните сили за Украина, во случај на прекин на огнот, во координација со Украина и со поддршка на САД, објави Укринформ.
Во денешната нацрт-изјава на „Коалицијата на подготвените“ се наведува дека сојузниците кои ја поддржуваат Украина „се подготвени да се обврзат на систем на политички и правно обврзувачки гаранции кои ќе бидат активирани штом ќе стапи во сила прекинот на огнот“, и дека гаранциите можат да вклучуваат употреба на армијата, разузнавачка и логистичка поддршка, како и дипломатски иницијативи и усвојување на нови санкции.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
