Земјоделците привремено ги отворија сите автопатишта во Грција

Грчките земјоделци, привремено, поради Божиќ ги отворија сите блокади низ целата земја, со што сообраќајот на автопатиштата се одвива непречено, но сепак тракторите остануваат паркирани на крајните коловозни ленти на низа локации во Грција.
Земјоделците, кои на 30 ноември ги започнаа протестите во земјата, решија до петок да ги олеснат празничните патувања на граѓаните, со што, во координација со полицијата делумно ги повлекоа тракторите.
Паралелно, како што вчера објави МИА, до петок нема да ги блокираат ниту граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја.
Грчките земјоделци, иако ги отворија автопатиштата, сепак велат дека не се откажуваат од нивните барања и Божиќ ќе го поминат на блокадите, онаму каде што се паркирани нивните трактори, а се очекува в петок, да одржат нови состаноци за да ги одредат нивните следни чекори.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп му се закани на Иран со напади врз електраните ако блокадата на Ормуската Теснина не се укине во рок од 48 часа
-

Владата на седница ќе донесе мерки за ублажување на ценовниот скок на горивата
-

За околу 20 проценти зголемен бројот на корисници на интернет преку оптичка мрежа
-

Месечно на мобилен 105 повика и 3,8 часа разговор
-

УХМР ќе го одбележи Светскиот ден на водите
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален слаб дожд
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
