Македонија
10. August 2021 - 12:34

Зголемен бројот на повици во охридската брза помош

Зголемен бројот на повици во охридската брза помош. Лекарите со полни раце работа во екот на летната сезона и топлото време кога во градот има зголемен број на туристи. Граѓани кои колабираат,алкохолизирани млади лица ,пациенти со стомачен вирус, и фебрилни состојби, се најчестите интервенции.

Многу често како резулатат на топлотниот бран губат свест и помладите и повозрасните луѓе од брзата помош порачуваат граѓаните да се придржуваат на препораките и без потреба да не се излегува во периодот од 11 до 17 часот.

Од Охридската итна медицинска помош посочуваат дека со години се соочуваат и со старите проблеми кои влијаат на брзината на интревенциите. Се попречува влезот и излезот на амбулантните возила во кругот на Маларична од паркирани автомобили на бесплатниот паркинг и то најчесто од страна на туристите.