Македонија
11. August 2021 - 16:54

Зголемен интересот за вакцинација и во Охрид

Редици за вакцинација во Охрид. Млади и стари чекаат да се имунизираат , тие сакајќи да ги избегнат жештините доаѓаат порано ,дел од нив велат дека сега се одлучиле да се вакцинираат поради новите мерки но и поголемиот избор на вакцини дел  пак го имале прележано вирусот . Процесот се спроведува во вакциналниот пункт и модуларната болница.

Охрид е трет град на листата по вакцинирано население, a заинтересираноста за вакцинација помеѓу граѓаните и натаму расте. Докторите велат дека вакцини има доволно,и  повикуваат  на што поголемо вклучување во процесот на имунизација.

Инаку според податоците на министерството за здравство 48.1 отсто од населението во Охрид е вакцинирано со прва доза на вакцина или 21.592 граѓани додека втора доза вакцина примиле 18.194 граѓани.