Зголемен водостојот на Дојранското и Охридското Езеро

За два сантиметри е зголемен водостојот на Дојранското Езеро во споредба со вчера, а за еден на Охридското, додека нивото на Преспанското Езеро е исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Со тоа, водостојот на Охридското Езеро е за 14 сантиметри повисок од просекот за февруари, а на Дојранското за 87 сантиметри, но сепак е 84 сантиметри под договорениот минимум. Нивото, пак, на Преспанското Езеро е за 2,23 метри пониско од повеќегодишниот просек за овој период од годината.
Зголемување на водостојот во споредба со вчера бележат и речиси сите реки во земјава. Најголемо зголемување од 51 сантиметар има реката Вардар на мерното место кај Демир Капија, а најголемо намалување од четри сантиметри има Брегалница кај Берово.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
