Македонија
17. February 2026 - 16:31

Зголемен водостојот на реките, во Кичево се уште се санираат штетите

По обилните врнежи, драстично пораснаа водостоите на реките низ целата држава. Треска кај Македонски брод е четирипати над просекот за февруари, а Вардар два ипол над вообичаеното за овој период од годината.

Просечниот водостој на Треска во февруари изнесува 49 сантиметри. Вчера надлежните измериле дека водостојот изнесува 258 сантиметри, а денеска 196.

Најголемата река во државата бележи значително зголемување на водостојот низ целиот свој тек. Најкритично е кај Јегуновце, каде се измерени 220 сантимери, во споредба со вообичаените 86 сантиметри во февруари.

Надлежните предупредуваат дека токму неисчистените речни корита и канали со смет и шут го попречуваат текот на реките. Поради ова се создадоа и големите поплави во државата.

Директорот на Водостопанство за Сител вели дека критичните точки се напирани но, наеднаш не може да се поправат сите. Потребно е системско решение, финансии но и спроведување на Законот за водите.

Во меѓувреме, во Кичево, како најкритична точка погодена одпоплавите, и денеска се санираат штетите. 250 лица се уште се сместени во салата Христо Узунов. Екипите испумпуваат вода од поплавените домови и објекти. Граѓаните

Во билтенот на ЦУК не се бележи ново излевање на реките. Добиени се само неколку пријави за непроодни патишта во рурални средини. Нов влажен бран синоптичарите најавуваат во петок.

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврнало во Пожаране.