Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државава

Пониските цени на горивата и поевтините прехранбени продукти во земјата ја зголемија фреквенцијата на патници на граничниот премин Ќафасан за време на викендите. Повеќето од патниците, пред сè, од пограничните места во соседна Албанија, доаѓаат во Струга на кратки еднодневни посети да наполнат гориво и да набават прехранбени продукти. Зголемена фреквенција се очекува и во пресрет на продолжениот велигденски викенд.
Според податоците на СВР Охрид, на почетокот од овој месец протокот на патници преку Ќафасан бил 11 проценти поголем во споредба со истиот период лани.
-Во период од 1 до 6 април во Полициската станица за ГП Ќафасан остварен е проток на 40.734 патници, што е за 11 проценти зголемување за истиот период во 2025 година кога на овој премин поминале 36.775 патници. Во првите шест дена од месецот во државата влегле 20.952 патници (18.351 во 2025 година), а излегле 19.782 (18.424) - информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Премиерот Христијан Мицкоски, порано неделава, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека имаме стабилни количини гориво и не треба да има никакви стравувања, иако потрошувачката е зголемена на дневна основа поради притисокот на одредени погранични места.
-Од аспект на количини сме стабилни, имаме доволно, тука не треба да имаме никакви стравувања, зголемена е потрошувачката, од 1,5 милион литри на ден на два милиони литри на ден. Имаме притисок на одредени погранични места, ја продолживме и мерката од 18 на 10 проценти ДДВ сè со цел да го заштитиме стандардот на граѓаните и бизнисите - изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посета на комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што беа пуштени во употреба шест комплетно реновирани операциони сали.
Зголемување на протокот на патници за влез и излез на ГП Ќафасан, според статистиката на полицијата, има и во првите три месеци од годината во споредба со истиот период од лани.
-Проток на патници на ПС за ГП Ќафасан за јануари, февруари и за март 2026 година, во споредба со истиот период 2025 година, е зголемен за 6 отсто. Во првите три месеци од оваа година остварен е проток на 435.534 патници, а истиот период во 2025 година - 411.677 патници. Во овој период во државата влегле 223.498 годинава (211.878 - 2025), а излез направиле 212.036 (199.799) патници - изјави Димоски.
МИА
Ново на Сител
-

МП: Протестот е темелно демократско право, но загрижува улогата на одредена опозициска партија и обидот за манипулација
-

Кривична за поранешниот градоначалник на Кичево, Дехари - го оштетил буџетот за 1,6 милиони евра
-

24-годишник со „ауди“ возел со 212 км на час на автопатот Скопје-Штип
-

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски
-

,,Комуналец" Кавадарци: Водата од градскиот водовод Лукар е исправна и може да се употребува за пиење
-

Нова акција за пошумување на „Патриотско друштво“, засадени 1100 садници во Кучково
-

Мицкоски: Имаме стабилни количини на гориво, обезбедивме од ОКТА попуст на горивата за дополнителен период од еден месец
-

Иран: Нема подготвеност за отворање на Ормуската Теснина без траен прекин на огнот
