Зголемени безбедносни мерки на објекти од американски и израелски интерес во Грција

Грчката полиција презеде зголемени безбедносни мерки на објекти од израелски и американски интерес, посочи портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду во интервјуа за телевизиите ЕРТ и Скај и нагласи дека овие мерки не се ограничуваат само на дипломатските мисии, туку се прошируваат и на деловни и трговски објекти кои би можеле да претставуваат потенцијални цели, јави дописничката на МИА од Атина.
Димоглиду објасни дека мерките се за да се зајакне внатрешната безбедност од потенцијални закани, но и дека посебен акцент се става и на аеродромите во земјата, каде контролите се поинтензивни и е зголемен персоналот.
– Во секој случај нема простор за паника, треба да го потенцираме ова и да знаат граѓаните, истакна Димоглиду за Скај.
За случувањата на Блискиот Исток, министерот за национална одбрана на Грција Никос Дендиас утрово одржа нов состанок во Министерството за да се направи процена на ситуацијата и „повторно беше потврдено дека предвидените протоколи се целосно во примена, како и дека се преземени неопходните безбедносни мерки“.
Од Министерството за национална одбрана на Грција соопштија дека било одлучено состанокот да се одржува на дневна основа, во 8 часот наутро, но и дека Дендиас „продолжува со телефонските разговори со неговите колеги од сојузничките земји“.
На состанокот присуствувале и заменик-министерот за национална одбрана и генералниот секретар, началникот на Генералштабот на националната одбрана, како и началниците на ГШ на копнените сили, на воената морнарица, на военото воздухопловство, директорот на петта разузнавачка управа на Генералштабот на националната одбрана, како и високи надлежни офицери.
МИА
Ново на Сител
-

Дигитален регистер на загадувачи за почисто Скопје
-

Многу малку сестри во одделите за интензивна нега
-

Деменцијата зема замав - недостигаат институции
-

Трибина за органодонорство во Кавадарци - еден донор може да спаси 8 животи!
-

Започнува конзервацијата и реставрацијата на фрескоживописот на црквата во село Мокрино, општина Ново Село
-

Меѓународна конференција за зајакнување на улогата на жените во процесите на донесување одлуки
-

Преглед на вестите од светот
-

Цената на суровата нафта би можела да падне на 70 долари за барел
