Зголемени водостоите на езерата, значително покачени и нивоата на Црна Река, Вардар, Треска

За два сантиметра се зголемени нивоата на Преспанското и Дојранското Езеро во однос на вчерашниот ден, а покачување од еден сантиметар е измерено кај Охридското Езеро. Како што информира УХМР, зголемувања на водостоите бележат и реките, некои дури и двојно, па и тројно повеќе од вчера измерените вредности.
Водостојот на Црна Река кај Новаци утрово во 7:30 часот бил 270 сантиметри, а вчера изнесувал 78, Вардар кај Велес денеска е 140 сантиметри, а вчера бил 90, Треска кај Македонски Брод е 205 сантиметри, а вчера била 100, Сатеска кај Ботун денеска е 131 сантиметар, а вечра била 61, Брегалница кај Берово е 30 сантиметри, а била 12,...
Според УХМР, утре се очекува зголемување на водостоите на Вардар кај Велес и Демир Капија, како и на Пчиња кај Катлановска Бања, додека за другите реки проценката е дека водостоите или ќе се намалат во однос на денеска или нема да бидат многу променети.
Кај водостоите на езерата не се очекува поголема промена на вредноста од денешната.
МИА
Ново на Сител
-

100 евра казна на лице место ако ве фатат со цигара каде е забрането
-

Се нормализира состојбата во западна Македонија по обилните врнежи од дожд
-

Штипските пекари ги „замрзнаа“ цените на лебот и пецивата
-

Иран предупреди: Американската војска и Израел ќе бидат легитимни цели ако САД нападне поради протестите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воен аналитичар
-

Утре се избираат градоначалници во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
-

Избега од Македонија 18 годишниот возач кој без возачка, вчера усмрти жена во Капиштец
