Зголемениот број на туристи во Охрид го намали квалитетот на Охридското езеро
Напливот на туристи го промени квалитетот на водата во Охридското езеро.Последните анализи покажуваат дека во некои делови има нарушување,како резултат на големиот број дефекти и на несовесното однесување на некои корисници на угостителските објекти и на апартманите во приватното сместување. На дел од пумпните станици од колекторот како што велат од Центарот за јавно здравје имало изливање на отпадните води.
На мерните места каде примероците покажувале дека водата е од прва класа, сега е од втора,но сепак може да се користи за капање, спорт и рекреација.
Инаку ова лето сведоци сме и на се поголемото загадување односно фрлање на најразличен отпад во водите на Охридското езеро од страна на несовесните граѓани . Надлежните апелираат на поголема еколошка свест за да се заштити природниот бисер.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
