Зграда во центарот на Свети Николе цела недела се дави во фекалии
Станарите на зграда во центарот на Свети Николе се жалат на неподнослива реа, што се шири од подрумските простории. Во подрумите е невозможно да се влезе зашто некои се поплавени со половина метар вода.
-Ова е зграда во централното градско подрачје, која една недела се дави во вода и смет.
На лице место неколку пати излегле екипи, но не успеале да го решат проблемот. Од јавното претпријатие од утринава излегоа на терен, но се чека на цистерната за да се исцрпи водата, за да се утврди од каде е дефектот.
Со маката на станарите е запознаен и градоначалникот на општината, Сашо Велковски.
-Се констатира дека е помешана канализациска отпадна вода со вода од водоводната мрежа. Мораме да утврдиме од каде е дефектот и во најбрз можен рок, денеска до утре треба да ги санира е сите штети. Што се однесува до општина Свети Николе има буџетски средства по овој основ, изјави Сашо Велковски, градоначалник на Свети Николе.
По отстранувањето на дефектот, ќе биде извршена дезинфекција и дезинсекција на подрумските простории.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар