Жена и ставила перница на глава на бабата на својот сопруг и пробала да ја задуши
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
Како што информира Јавното обвинителство, на 15 август, во домот на улицата „Борис Бојаџиски”, при вршење семејно насилство, се обидела да ја лиши од живот бабата на својот сопруг со која живееле во семејна заедница.
Додека оштетената родена 1938 година одмарала во една од собите, осомничената влегла во собата и ја заклучила вратата, а потоа седнала врз жртвата и и ставила перница врз главата со намера да ја задуши. Ја притискала со перницата и ја удирала со тупаници по главата.
Престанала кога мислела дека ја убила и за тоа му кажала на сопругот. Тој веднаш повикал полиција, а оштетената била пренесена во болница каде и биле констатирани нагмечување на главата и на вилицата, како и хематоми.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничената, особено затоа што постојат очигледни околности кои укажуваат на можност да го повтори делото, односно да го доврши обиденото дело.
МИА
Ново на Сител
-
ЦУК: 27 пожари на отворен простор, активни два и еден под контрола
-
Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа
-
Дачиќ за вчерашните протести: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир
-
Сончево утро, нестабилно попладне
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје