Жените кои спијат под седум часа на ден се поизложени на опасност од дијабетес 2
Жените кои спијат помалку од седум часа на ден се поизложени на опасност од појава на дијабетес тип 2. Имено, губењето на само 90 минути сон секоја вечер ја зголемува отпорноста на инсулин кај жената, тврдат научници од Универзитетот Колумбија во Њујорк, САД.
Тоа се случува затоа што клетките во телото неправилно реагираат на инсулинот што го произведува самото тело. Тоа е хормон којшто го регулира шеќерот во крвта, и ако тоа не оди како што треба, ја остава гликозата да се акумулира во крвта до опасни нивоа. Ефектите се посилни кај оние жени кои минале низ менопауза, според испитувањата. предводени од проф. Мари-Пјер Сен-Онг од Универзитетот.
- Во текот на нивниот живот, жените се соочуваат со многу промени во нивните навики на спиење, поради на пр., породување, одгледување деца и менопаузата. Почесто жените отколку мажите го доживуваат тоа, т.е. не спијат доволно. Во текот на подолго време, постојаниот стрес може да предизвика откажување на клетките што произведуваат инсулин, што на крајот ќе доведе до дијабетес тип 2, појани д-р Сан-Онг.
Таа вели дека благиот недостаток на сон и за само шест недели предизвикува промени во телото коишто го зголемуваат ризикот од развој на оваа состојба.
Ново на Сител
-
Опожарени 130 хектари сува трева и ниска вегетација во Руѓинце
-
Базените на Црвениот крст ставени на располагање за хеликоптерска интервенција
-
Арсовска: Инспектор од МВР фатен како прави див приклучок за вода, во бес физички напаѓа советничка | ВИДЕО
-
Целосно нормализиран сообраќајот на ГП Блаце
-
Сончево и многу топло, температура до 41 степен, од утре освежување
-
Продолжува амандманската расправа за ребаланост на Буџетот
-
До седум часот утрово активни седум пожари, велат од ЦУК | ВИДЕО
-
МЗ: Пожар во кругот на болницата во Битола, нема штета и повредени