Жителите на Чешиново - Облешево бараат посоодветни метки за искоренување на свинската чума
Жителите на општина Чешиново-Облешево кои чуваат свињи за сопствени потреби, се назадоволни од мерките за искоренување на африканската свинска чума. Сметаат дека се закопуваат на несоодветна локација и наместо да се запре заразата, дополнително ќе се прошири.
- Грозно да се гледа како се тепаат. Ги тепаат со некаков пиштол и ги товараат со багер. Се закопуваат помеѓу селата Кучичино и Теранци, каде што нема зараза. Ќе ја пренесат заразата и таму, а најголемата зараза ќе дојде оној момент кога ќе дојдат поројните дождови. Свињите се закопани горе на ридот, а под нив е р. Брегалница. Да дојдат од институциите, да видат каде ги закопуват, што ќе правите кога ќе се слеат во Брегалница, а од таа вода ќе пијат животни, цела Македонија ќе се зарази - изјави Тони Максимов, жител на О.Чешинов -Облешево
Стравуваат и дека нема да бидат правилно обештетени, зашто на терен состојбата била различна од пропишаната.
- Никој не ја кажал цената, сите кажуваат различно. Некои велат 120 денари, некои велат по директна проценка, некои пак, велат дека 50 денари од килограм ќе биде. Значи, ако е тоа така, требало да донесат Закон и одлука, болните свињи да не се плаќаат, секој е свесен дека не треба да бара, а за здравите да кажат, цената е таа од килограм. Кој ги мери сега свињите за да каже таа свиња е 200 килограми и ќе се плати по таа цена? – прашува Јанко Герасимов. жител на О. Чешиново-Облешево
Само во едно маало во с. Облешево уништени се околу 100 единки. Домашниот сточен фонд тешко ќе се обнови, а тоа со себе повлекува на есен да изостане дел од сеидбата на сточни култури.
- Ќе ги напуштат и полињата, нема да сеат жито, јачмен и пченка- изјави жител на О. Чешиново-Облешево
Пред 12 денови беше откриен последниот случај на заразена свиња во с. Облешево, по што е донесена одлука за хумано уништување на сите свињи во радиус од 3 километри.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар