Македонија
6. March 2022 - 16:32
Жителите на Колешино излегоа на протест, бараат да се сопре несовесната сеча на Беласица
Ја штитам Беласица, ова денекса го порачаа жителите на селото Колешино. Преку мирен протест побараа да запре сечата на планината Беласица над нивното село. Велат шумата се уништува масовно, а со тоа се загрозува и и безбедноста на нивните куќи, но и изворите за вода. Апелираат до сите надлежни институции за итни мерки.
Државниот инспектор за шумарство информираше дека тие веќе подолго време се на терен и вршат надзори. Кои покажале дека јавното претпријатие работи согласно десетгодишните годишните планови за сеча и во нивното работење не се констатирани никакви неправилности. Надзорот утврдил и бесправна сеча на неколку локации, постапено согласно закон, но главниот проблем е што сторителите тешко се откриваат.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->