Македонија
22. August 2020 - 16:59

Жртвата на Нефи Усеини се предомисли: Не видов пиштол, се збунив

Тепаниот Топаловски се предомисли сега вели дека му се причинило дека бил удрен со пиштол.

Oхриѓанецот кој пред 5 дена го обвини советникот Нефи Усеини и неговиот брат дека го нападнале и му се заканувале со пиштол пред неговиот малолетен 14 годишен син за што од Судот добија мерка притвор од 8 дена, ја измени изјавата.Во писмен допис вели дека  немилиот настан имал поинаков тек.

(Од еден немил настан и расправија, која произлезе најверојатно од политички причини односно од структури замене непознати со цел да се дискредитира неговото име и да се наруши нашето пријателство се направи филм. Додека јас и Нефи разговаравме, добив удар од задната страна и од стресот што го добив, особено и поради тоа што мојот син беше присутен добив погрешен впечаток за се. Да бидам искрен оружје не видов, но во целата таа паника што настана се стекнав со таков впечаток како да има пиштол, а всушност немаше.)

Топаловски демантрирајќи се самиот себе во дописот вели дека се работи за недоразбирање,иако по  немилиот настан сам се обрати до медиумите барајќи да објават што доживеал по средбата среде бел ден во охридски хотел  со советникот Нефи Усеини.

“Сакам да потенцирам дека се работи само за едно недоразбирање, кое е надминато. Нефи бил и ќе биде мој пријател. Би ја замолил јавноста и медиумите да се занимаваат со други поважни, а не вакви исконструирани настани“, стои во изјавата.

Инаку Усеини и неговиот брат се осомничени за кривичните дела„насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“.По инциденотот полицијата сеуште не може да ги најде а СВР Охрид има распишано локален распис и како што велат работат на нивно пронаоѓање и расчистување на случајот.