Зидан постигна договор со Француската фудбалска федерација

Француската фудбалска федерација постигна договор со Зинедин Зидан за неговото назначување за селектор на репрезентацијата, објави „El Nacional“.
Како што претходно беше наведено, 53-годишниот фудбалски стручњак ќе го замени Дидие Дешам на селекторската позиција по Светското првенство во 2026 година.
Се забележува дека за време на паузата во неговата тренерска кариера, Зидан одбил голем број понуди од различни клубови, бидејќи бил решен да работи само во француската репрезентација.
Последното и единствено место на работа во тренерската кариера на Зидан беше Реал Мадрид, кој го водеше од 2016 до 2018 година и од 2019 до 2021 година.
Како тренер на Реал, Зидан три пати ја освои Лигата на шампионите, двапати шпанското првенство, Суперкупот на Шпанија, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
