Зоран Божиновски е екстрадиран во Македонија
При апсењето на новинарот Зоран Божиновски, српската полиција запленила околу 2.500 разговори со македонски политичари, пишува порталот на албански јазик Лајм. Порталот тврди дека најголемиот дел од разговорите биле со претставници од ДУИ, но имало и околу 500 разговори на политичари од ВМРО ДПМНЕ. Ваквите информации од порталот ги добиле, како што пишува од извори блиски до новинарот Божиновски.
Од српското министерство за внатрешни работи се уште нема одговор, дали при вчерашното приведеување на Божиновски бил вршен претрес во нбеговиот дом и дали тамошната полиција има извршено било какава заплена.
Зоран Божиновски по потпишаната одлука за екстрадиција од српскиот министер за правда, вчера попладне бил предаден на македонските власти, а околу 21:30 бил пренесен во Истражниот затвор Скопје во Шутка.
Потерницата по Божиновски беше распишана од ноември 2013 како осомничен во случајот „Шпион“. Дел од 22цата кои беа обвинети за изнуда и рекет.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
