Зошто две години не може да започне процес по тужбата против Пејпер Мил?
Две години не може да започне правната битка помеѓу граѓанските здруженија од Кочани и според нив, најголемиот загадувач на градот. Поднесената тужба од страна на еко активистите против „Пејпер мил“, се уште е заглавена во судските лавиринти, а досега фабриката нема платено казна, освен што на неколку наврати беше запрен производствениот процес. Граѓаните бараат институциинално решавање на проблемот, но полека ја губат вербата во институциите на системот.
- Доколку институциите не си ја вршат својата работа, ќе бараме втори и трети решенија кои ќе донесат резултат, со кој граѓаните ќе бидат задоволни. Кога велам, задоволни, тие не бараат ништо повеќе од тоа да живеат во чиста средина и здравјето на нивните деца да не биде загрозено, што е основа на сето ова што го правиме веќе 3 години-изјави Зоран Тодор., Здрав живот-Кочани
После низата масовни протести пред влезот на фабриката кои не вродија со плод, граѓаните започнаа со потпишување на петиција преку која ќе ги запознаат дипломатските претставништва во земјата за проблемот со кои се соочуваат.
- Бидејќи оваа агонија трае веќе три години и се вртиме во тие „бермудски триаголници“, ќе мораме да побараме помош од нив, изјави Влатко Здравков, еко активист-Кочани.
На последната трибина, на која присиствуваа и претставнци на Државниот инспекторат за животна средина, граѓаните укажаа на повеќе аномалии. Не почитување на одредбите од А-интегрираната дозвола, немањето мерна станица за количината на испуштените штетни честички во воздухот и пречистителна станица за отпадните води од фабриката.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар