11 годишно девојче усмртено на пешачки премин во Велес пред очите на двајцата родители
“Овој пешачки премин зад мене беше кобен по животот на 11 годишно девојче кое синоќа околу 10 часот навечер тука во Велес го загуби животот откако беше удрено со возило Мерцедес кое било управувано со голема брзина, и од самиот удар била отфрлена 10 метри наназад, на другиот пешачки премин каде на самото место го загуби животот.”
Од возачот ни трага ни глас. По ударот во девојчето и неговата мајка, тој бега од местото на настанот, но регистерските таблици му испаѓаат и полицијата успева да открие кој е сопственик на Мерцедесот кој го усмрти 11 годишното девојче. Возилото е пронајдено, но по возачот се уште се трага.
На улицата „Борис Трајковски“ во Велес, патничко возило ‘мерцедес‘ со велешки регистарски ознаки, управувано од А. Н. (29) од Велес, удрило во пешаците Е. И. (43) и нејзината малолетна ќерка од Велес, по што го напуштило местото. По преземени мерки возилото било најдено и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Целата несреќа се случува пред очите на двајцата родители. Сите веднаш се однесени во општата болница Велес, на девојчето е констатирана смрт, мајката се здобила во повреди, но утринава е испуштена од болница.
Соседите кои живеат во близина на несреќата, велат улицата не е опасна, но сепак има историја на сообраќајни несреќи, но сепак станува збор за голема трагдија.
Од Велешкото Јавно обвинителство потврдуваат дека возачот со голема брзина го напуштил местото на несреќата, извршен е увид, а на нивно барање ќе се изврши и обдукција на телото на починатото девојче.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
