Македонија
26. August 2026 - 9:03

116 години од раѓањето на Мајка Тереза

Владина делегација предводена од првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на местото на родната куќа на Мајка Тереза, во центарот на Скопје, по повод роденденот на светицата.

По оддавањето почит пред спомен-плочата првиот заменик-претседател на Владата ќе даде изјава за медиумите.

Централниот настан по повод роденденот на Мајка Тереза ќе се одржи во Музејот на современата уметност под покровителство на пвиот вицепремиер Сали, а гостин ќе биде и премиерот на Република Косово, Албин Курти.

 

МИА