135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол запленети на зелениот пазар во Чаир

Царинските службеници заплениле 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол при контрола на тезги на зелениот пазар во Чаир. За акцизните производи е избегнато плаќање акциза во вкупен износ од 337.558 денари, соопшти Царинската управа.
Акцијата ја спровеле службеници од Царинарница Скопје и мобилни тимови од Одделението за оперативни работи. При контролата биле затекнати три лица кои продавале акцизни производи без акцизни маркички и без претходно платена акциза.
Против две лица се поднесени прекршочни пријави, а против едно лице кое продавало акцизни производи за кои е избегнато плаќање акциза од 257 илјади денари, ќе биде поднесена кривична пријава согласно Кривичниот законик.
Од Царинската управа посочуваат дека контролите на внатрешниот пазар се дел од засилените активности за сузбивање на нелегалната трговија со тутун и тутунски производи.
По сузбивањето на меѓународна група за организирана нелегална трговија со цигари, Царината најавува продолжување на засилените контроли, со цел спречување на незаконската продажба на акцизни производи.
MИА
Ново на Сител
-

Обвинителите избираат нов шеф за организиран криминал и корупција
-

Граѓаните ќе можат да вадат документи преку телефон - промовирана е новата апликација М.услуги
-

Студентите бараат 200 денари за оброк
-

Ќе се пресметуваат ли платите по час? Договор би требало да има до март
-

Подобра инфраструктура и решение за превозниците бараат германските компании кои работат кај нас
-

Филипче предупредува на недостиг на пари
-

Мицкоски тврди: Македонија економски лидер во регионот
-

По падот на Вучиќ - политички реакции во Македонија, проверки и апсења во Србија
