Македонија
30. March 2026 - 13:35

16-годишно девојче од Скопје пријавено за исчезнато, пронајдено во стан во Гостивар

Малолетничка од Скопје која во полиција била пријавена за исчезната била пронајдена во стан во Гостивар. Лицето во чија сопственост е станот било уапсено. 

- На 30.03.2026 во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја пронашле М.Ј.(16) од Скопје во стан на лицето Р.Ш.(19) во Гостивар. Таа претходно беше пријавена дека се оддалечила од домот во Скопје, а по пронаоѓањето е предадена на нејзината мајка, додека Р.Ш. е лишен од слобода за понатамошна постапка, информираа од полицијата за случајот.