18-годишник во Тетово се заканувал на ученици дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето

Осумнаесетгодишник од тетовско е лишен од слобода откако испраќал заканувачки пораки дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште во Тетово.
Како што информираат од полицијата, ноќта меѓу 12 и 13 март во СВР Тетово неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ пријавиле дека добиле информации од родители на ученици оти лицето М.Р. испраќал пораки до ученици во кои се заканувал со поставување бомби и извршување убиства во училиштето.
По пријавата, полициски службеници веднаш презеле мерки и активности. По добиена судска наредба бил извршен претрес во селото Палатица, тетовско, во домот и помошните простории на Р.Р. (49).
При претресот биле пронајдени повеќе предмети кои му припаѓаат на неговиот син М.Р. (18), а за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Осомничениот е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Комеморативна седница во Собранието
-

Евакуирана трета група Македонци од Блискиот Исток
-

Лекарите трпат насилство, а ретко пријавуваат
-

Цените на такси услугите во Штип остануваат непроменети
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот по средбата со маркетите: Нема основа за зголемување на цените
-

Tема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенција за иселеништво
