19-годишник уби 18-годишник со пиштол, заврши зад решетки
Ново убиство го потресе скопскиот регион. Осумнаесетгодишно момче е пронајдено мртво во шумски предел над населеното место Бојане, а за неговото убиство е осомничен 19-годишник од истото село. Случајот почнал да се расчистува откако осомничениот му признал на својот татко дека го извршил убиството, по што таткото веднаш ја известил полицијата.
Екипата на Сител беше на местото на настанот.
Убиството се случило пред два дена овде во шумата над Бојане. 19-годишникот откако го извршил убиството му признал на својот татко за направеното дело, а тој самиот го пријавил во полиција.
Во текот на минатата моќ увид на местото на настанот направила полицијата, по што се најдени мртвото тело и пиштолот со кој е убиен.
50 минути по полноќ е уапсен и 19-годишникот, кој пукал во жртвата.
Мотивот за убиството засега не е познат, а истрагата продолжува со цел целосно расчистување на случајот.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
