Македонија
24. December 2023 - 16:37
30-то јубилејно берење бадникови гранчиња
Јубилјено 30-то берење на бадникови гранчиња од Бадниковата шума на Водно. Почнаа подготовките за најголемиот христијански празник, Христовото раѓање.
Традиционално, со оро беа пречекани новиот кум и здравичар.
Дабовото гранче е симбол на долговечноста, па верниците го закачуваат на влезот од домот верувајќи дека ќе им донесе среќа, здравје и долг живот.
Новиот кум и здравичар се решителни – традицијата да се продолжи и во иднина.
Желби за добро здравје упатија и старите кум и здравичар.
И градоначалниците со пораки.
Бадниковите гранчиња кои денеска традиционално се береа на Водно ќе се делат во Соборниот храм на Бадник.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
