30 лекари дел од пилот проект за лекување од далечина
Наместо на лекар, граѓаните во домашни услови ќе може самите да прават преглед.
Со помош на дигитален уред поврзан со интернет кој ќе се доближи до местото на болка, дел од лекарите ќе може да дадат дијагноза и консултации, без пациентот да мора да отиде во ординација. Тука спаѓаат полесните дијагнози, односно ушни инфекции, преглед на грло, преглед на дишење и работа на срце, алергии кои ќе може да се сликаат преку камера, мерење на телесна температура.
Оваа пилот програма веќе функционира низ светот, а целта е да имаат пристап до здравствена услуга оние пациенти кои живеат далеку од ординациите, во рурални средини, но и хронично болните да не мора дополнително да го ризикуваат своето здравје во здравствените установи.
Но сепак, ова метода нема да се користи кај потешките заболувања, за кои не може да се замени физичкиот преглед кај лекар.
Овие уреди ќе може да ги добијат пациентите кои лекарите ќе проценат дека имаат најмногу потреба. Пилот програмата би требало да започне веќе следната недела, а услугата за пациентите кои ќе добијат уред е бесплатна.
На оваа програма се вкулчени 30 лекари од земјава, а е поддржана од УНИЦЕФ и УСАИД на иницијатива на Македонското лекарско друштво.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
