Македонија
4. April 2021 - 20:12

30 милиони денари ќе се инвестираат во источниот плански регион за рамномерен регионален развој

30 милиони денари преку Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за обнова и развој се инвестирани во источниот плански регион за реализација на проектот „Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој“. Овие средства се доделени за иновативниот проект „Здрави деца, сигурна иднина“, за реконструкција на ски центарот Пониква и реконструкција и адаптација на домот на стари лица во Берово. Најважно е што сите заинтересирани страни од регионот целосно се вклучија во процесот, понудија нови концепти кои во периодот што следува ќе бидат разработени и финансирани.

-Мораме да работиме во делот на социјално претприемништво, да ги заинтересираме фирмите, да им ја понудиме работната сила која им е  потребна и да ги мотивираме социјално ранливите категории да се вклучат во производствените процеси и да го надополнуваат развојот во регионот-изјави Зуица Ангеловска, директор на ЦРИП (Центар за развој на источно плански регион).

Дел од активностите беа насочени кон реконструкција на средното училиште за образование и рехабилитација „Искра“ во Штип, за подобрување на условите за учење и престој, но и за до квалификација на учениците за работа во реалниот сектор.