Македонија
8. September 2022 - 16:53

31 година независност – Политичарите повикаа на обединување

За 8 години од сега Македонија ќе биде членка на Европската Унија - Ковачевски оптимист дека до 2030 година ќе бидеме дел од европското семејство. Премиерот по повод годишината од независноста на Македонија даваше отчет што се неговата партија направила за земјава низ овие години. Меѓународно признавање, кандидатски статус, решени спорови со соседите, членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, се дел од постигнувањата со кои СДСМ се гордее.

Со македонски песни, пејачи, хорови, ора, владејачката СДСМ денеска го одбележа денот на независноста. Во манастирот Св. Руса се организираше неколку часовна прослава, а покрај македононското, низ целиот комплекс се вееше знамето на Европската Унија. Покрај премиерот и дел од владините министри присуствуваа на прославата. Ниту бакнежите и поздравите со граѓаните не изостанаа од денешната прослава, каде си го честитаа денешниот празник.