33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

СВР Тетово информира дека денеска околу 15.30 се случила сообраќајна несреќа во која една жена го загубила животот, а шест други лица се повредени. Сообраќајната несреќа се случила на автопатот Гостивар-Тетово во близина на натпатникот за Камењане.
- Се случила сообраќајна незгода со излетување од пат на патничко возило „голф" со тетовски регистерски таблици, управувано од Ј.С.(22) од с.Пирок. Во незгодата доктор од итна медицинска помош констатирала смрт на лице место кај сопатничката Ѓ.А.(33) од с.Боговиње, додека со повреди биле пренесени во Ургентен Центар-Тетово возачот на возилото Ј.С. како и сопатниците В.Р.(28) од с.Боговиње, Ј.О.(21) од с.Пирок, А.М(10) од с.Палатица, А.М.(6) од с.Боговиње и А.Р.(15) од с.Долно Палчиште, информира Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
Увид на местото извршува екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител при ОЈО-Тетово.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
