-->
-->
35-годишник почина откако го удрила струја додека миел автомобил со вап-машина
-->
Триесет и петгодишен маж од скопското село Студеничани починал откако, според првичните информации, најверојатно бил погоден од струен удар додека користел вап-машина за миење возило.
Како што информира МВР, на 16 септември околу 11:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од куќа во Студеничани, сопственост на А.С.(56), дошол Х.Б.(35) од истото село и ја земал вап-машината за да го измие возилото.
Во еден момент тој паднал, најверојатно како последица на струен удар.
Со возило на Итната медицинска помош Х.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што починал.
Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција во Судска медицина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
