36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги

36-годишен скопјанец бил лишен од слобода откако 29-годишна жена пријавила дека ѝ се заканувал со објавување фотографии со експлицитна содржина доколку не му даде пари и не стапи во сексуален однос со него.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 5 ноември 2026 година во Полициската станица Кисела Вода, по што полициски службеници од СВР Скопје презеле мерки и го лишиле од слобода Љ.С.(36).
Жената пријавила дека осомничениот ја уценувал заканувајќи се дека фотографиите ќе ги испрати до членови на нејзиното семејство доколку не ги исполни неговите барања.
Станува збор за сериозни закани со злоупотреба на експлицитни фотографии со цел изнуда на пари и сексуални услуги. По целосно документирање на случајот, против 36-годишникот ќе следува соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Mакедонскиот јазик мора да биде франка лингва во правосудниот систем
-

Нов модел на студентско стипендирање
-

Гужви во пунктовите за имунизација со деца од градинки кои не примиле МРП вакцина
-

Светска недела за подигнување на свесноста за малнутриција
-

Ветеринарните друштва преку мирен протест предупредија дека секторот е пред колапс
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена
-

СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Алта банка
