-->
-->
37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-->

На 13.08.2026 во 13:45 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода О.С.(37) од Скопје. Претходно, 62-годишен скопјанец пријавил дека најпрвин во неколку наврати го измамил за сума од над 7.000 евра за наводно посредување на царинска документација за внес на патничко возило од странска земја, по што почнал да го избегнува оштетениот.
Откако увидел дека е измамен ги побарал парите што му ги дал, по што О.С. физички го нападнал и во неколку наврати му упатувал закани. По целосно документирање на случајот, Единицата за насилен криминал ќе поднесе соодветна кривична пријава, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
