41-годишна тетовчанка приведена поради сомнение за посредување во вршење проституција
На 11.09.2025 во периодот од 12:00 до 14:00 часот, по претходно добиени оперативни сознанија и сомнение дека се врши посредување во вршење проституција, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државна пазарна инспекција, Управа за јавни приходи и Државна трудова инспекција, извршија акциска контрола во неколку објекти во Тетово. При контролата во угостителски објект на улица „Јане Сандански“ во Тетово, во 14:00 часот од слобода е лишена Г.Ш.(41) од с.Бојане, скопско, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 191 од Кривичниот законик, која е затекната во објектот.
Во објектот е затекнат и управителот Г.Н.(59) од Тетово, по што од двајцата се одземени мобилни телефони. Г.Ш. е задржана во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ вечерва ќе ја финализира листата за градоначалници
-
Teма на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-
Атентат врз поддржувачот на Трамп, Чарли Кирк
-
Дрисла се уште го гуши Скопје
-
Пратениците влегоа и во Разузнавање – Документи не добија на увид
-
Црвените линии на Филипче идната недела во Собранието
-
Стевчо Јакимовски ќе трча за 5. градоначалнички мандат, СДСМ вечерва ќе ја финализира листата на имиња