Македонија
27. January 2026 - 13:41

46-годишен маж нападнал полициски службеник на паркинг во Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.Б. (46) од с.Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 25.12.2025 на паркинг простор на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Гостивар, пријавениот физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

Ново на Сител