50 казни во акциска контрола во Тетово: Одземен тротинет од дете кое превезувало друго дете
Полицијата синоќа спроведе засилена сообраќајна контрола на подрачјето на Тетово, насочена кон возачите на мопеди, мотоцикли и лесни електрични возила.
Контролата траела од 17 до 23 часот, при што биле изречени 50 санкции.
Најголем дел од прекршоците, односно 31, се однесувале на управување со мопед или мотоцикл без заштитна кацига, додека девет санкции биле изречени на возачи на електрични тротинети.
Евидентирани се и прекршоци за истечена регистрација и осигурителна полиса, управување без соодветна категорија, како и едно управување под дејство на алкохол.
Едно лице било лишено од слобода поради сомнение дека управувало мопед без да поседува возачка дозвола. Мопедот бил одземен.
Полицијата привремено одзела и еден електричен тротинет, откако било утврдено дека го управувало дете кое превезувало друго лице.
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на целата држава, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
