-->
-->
68-годишник од Скопје измамен од женско лице за сума од 48.875 денари
-->

На 16.07.2025 во 12.40 часот во СВР Скопје, 68-годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 23.03.2023 до 16.04.2024, од женско лице Т.П.Н. бил измамен за сума од 48.875 денари.
Според пријавеното, таа се претставила како осигурителен брокер, вработена во правен субјект, и му понудила полиси за осигурување за неговиот недвижен имот во Скопје и Дојран, од кои на трансакциска сметка платил 33.875 денари, додека пак во готово и дал 15.000 денари.
Како што е пријавено, откако не ги добил полисите за осигурување, сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
