Македонија
17. јуни 2026 - 13:51

72-годишен маж од Зелениково починал откако бил прегазен од сопствениот мотокултиватор

На 16.06.2026 година во Полициската станица Драчево е пријавено дека во село Зелениково бил пронајден починат Ц.К.(72) од Зелениково, кој бил прегазен од неговиот мотокултиватор.

Според пријавеното, тој излегол утрото да работи на нива со мотокултиваторот, а откако не се вратил до 13:00 часот, неговиот брат отишол на нивата и го пронашол под мотокултиваторот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.