72-годишна жена од Штип измамена од лажен лекар за сума од 2.600 евра

Втора измама годинава од лажен лекар на територијата на Општина Штип. Од Секторот за внатрешни работи-Штип денеска информираат дека жртва на измамата е 72 годишна жена од Штип.
-На 28.01.2026 во 13:53 часот во СВР Штип 72-годишна жена од Штип пријави дека од едно лице била измамена за 2.600 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка паднала и се здобила со скршеници. Затоа требало итно да се оперира, а за операцијата требало да се плати, додека нејзиниот зет давал крв, се вели во соопштението од СВР-Штип.
Во него се посочува дека 72 годишната штипјанка парите ги оставила на договореното место, но потоа сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Ќе се градат гробишта за домашни миленици во општините
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Поднесено обвинение за поранешната директорка на прилепската болница и тројца вработени
-

Доброволно ПП друштво против пожарите во Општина Карбинци
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
