Македонија
13. November 2023 - 17:06

79 години слободно Скопје

„Кога нашите родители не посетија, викаат дали си тој Методија или не. Не личевме на ништо“. Вака 99-годишниот борец за слобода Методија Коневски ја опиша средбата со родителите во 1945-тата година, кога се вратил дома после тешките борби со фашистичкиот окупатор.

На денешното чествување, 79 години слободно Скопје, прилепчанецот Коневски пред камерите раскажа за походите кои ги воделе и за маките низ кои поминале во Втората светска војна.

Наум Буревски од денешната говорица кажа дека како Сојуз на борци од Народно ослободителната војна, ги поддржувале сите храбри и дипломатски чекори за напредокот на Македонија во Европската Унија.

Владината делегација пак, честувањето на 79 години слободно Скопје утрово го започна со положување на цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и на Алејата на заслужни граѓани.  

Министрите Пенов, Шаќири и Аврамовска-Мадиќ, оддадоа почит на борците кои се заслужни за ослободувањето на Скопје и пред платото на Владата.