-->
-->
80-годишен дедо фатен со 16 пакетчиња кокаин во Сплит, на полицајците рекол „Тоа е за здравје, се препородив“
-->

Истражниот судија на Сплитскиот окружен суд му одреди куќен притвор со електронски мониторинг на 80-годишен дедо кој беше уапсен минатата недела со 16 пакувања кокаин. Тој е осомничен и за продажба на едно пакување од половина грам кокаин, пишува порталот Далматински.
Осомничениот 80-годишен маж ја оспорува продажбата и тврди дека кокаинот пронајден во неговата куќа бил за негова лична употреба. Тој изјавил дека ја земал дрогата од здравствени причини и дека таа го препородила.
На мажот му е поставен уред за мониторинг на ногата и не му е дозволено да ја напушта куќата а бидејќи живее сам, сосед ќе му носи храна и други потребни работи.
Куќниот притвор е одреден поради ризик од повторување на делото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
