Македонија
15. August 2021 - 16:44

8.000 хектари шума изгоре во Пијанечко-Малешевскиот регион - само во Делчевско уништени 8% од шумите

Висината на штетите од пожарите во Пијанечко – Малешевскиот крај допрва ќе се утврдуваат, но според првичните проценки во едно неделната огнена стихија изгореа околу 6000 хектари шума. Од вкупно 28 000 ха шумски фонд на територијата на општина Делчево, опожарени се 8 % или 2 400 ха. Најголема штета е нанесена на црниот бор, дрвја стари помеѓу 50 и 70 години. Опожарени се и помали делови со даб и смрека. Гореше и приватен имот, изгорени се две куќи во с. Истевник, помошни стопански објекти, ситен и крупен добиток и пчелни семејства. Од локалната самоуправа информираат дека поединечната штета ќе биде проценувана по поднесени барања од оштетените граѓани и по нив ќе постапува општинската Комисија за проценка на штети од елементарни и други непогоди. Добитокот остана без дел од пасиштата, па сточарите мораат да набавуваат кабеста храна.

-Маката на сточарите ја искоростија дрски измамници. На 39 годишен сточар од Пехчево му бил понуден јачмен за 70 000 денари, а парите требало да ги даде на таксист од Виница. По предавањето на парите, пехчевецот се обидел да стапи во контакт со продавачот, но телефонот му бил исклучен.

 За среќа полицијата брзо реагираше и утрди дека измамата ја извршило лице кое отслужува затворска казна, а преку соучесник ја наплаќал договорената непостоечка житна култура.