Македонија
8. August 2025 - 12:28

Дурмиши вели овој состанок им е последна опомена и ако продолжат со неосновано поскапување ќе има многу строги мерки

Министерот за економија попладне ќе оствари средба со трговците на која ќе се дискутира за растот на цените на храната. Дурмиши вели овој состанок им е последна опомена и ако продолжат со неосновано поскапување ќе има многу строги мерки. Вчера државната статистика измери инфлација повисока од јуни и таа за јули изнесува 4,8%.