82 дена Данела Арсовска во Скопје - што е сработено?
Реализирани се сите ветени проекти за првите 82 дена од мандатот. Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска вели, покажала дека градот може да работи домаќински, па се реализирале и проекти кои не биле ветени.
Исчистени 120 депонии, вратени ноќните автобуски линии, поставени одбројувачи на семафори, поефтин паркинг се само дел од реализираните проекти кои Градоначалничката Арсовска ги презентираше пред медиумите. Најави истраги за работењето на нејзиниот претходник, а како што рече, парите на граѓаните нема да се трошат на прослави и кафеани.
Според СДСМ, првите 82 дена од доаѓањето на Арсовска покажале дека таа е најнеуспешниот градоначалник на Скопје. Освен нивелирање на шахти и поставување мобилни тоалети, не бил реализиран друг конкретен и крупен проект. Ја обвинија за партиски вработувања.
Го прекина проектот Бас рапид транзит, ја закочи изградбата на двата нови моста, ја закочи Универзална сала, поништи оглас за вработување на 20 пожарникари.
Комплетно ги партизираше јавните претпријатија, јавните установи и Град Скопје.
Колку е партизирана работата на Град Скопје зборува и тоа што на денешниот отчет наместо државната, на неколку секунди беше пуштена химната на ВМРО-ДПМНЕ.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
