Абази даде заклетва - IRL објави фотографии и со Ахмети
Со букет цвеќе за својот претходник и насмевка, обвинителот Ислам Абази од денеска застана на чело на Обвинителството за гонење криминал и корупција. Пред да влезе во канцеларијата од каде во следните четири години ќе треба да се спротистави на криминалците, Абази даде и заклетва дека чесно ќе ја извршува својата работа.
Абази кој и покрај фотографиите во јавноста, тврдеше дека не се познава со функционери на ДУИ, денеска додека ја даваше свечената заклетва, IRL објави нова фотографија, овој пат со лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Хоби му биле лов и планинарење, па при освовјување врвови, таму имал случајни средби со лица од партијата.. Дел од фотографиите биле од свадбени прослави.
Абази кој сега не ги негира средбите со партиски функционери на ДУИ, вели дека со нив не разговарал ниту за политика, ниту пак за предмети кои ги работи.. Тврди дека нема да му е проблем ако во иднина има потреба тие лица кривично да ги гони.
Запознавање со тековни предмети од интерес на јавноста и анализа на капацитетите се првите работни активности на Абази.. Тој, вакви информации, добил и на средбата со доскорешниот прв човек на институцијата.. Вилма Русковска очекува нејзиниот наследник да ја продолжи успешната работа на обвинителството.
До изборот од минатиот понеделник, за Абази малку се знаеше во јавноста.. Таа пак реагираше на начинот на кој беше изгласан.. Правда и Антикорупциска предложија построги критериуми за избор на прв човек на обвинителството.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
