АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
Агенцијата за електронски комуникации донесе Одлука за распишување на јавен тендер со јавно наддавање за доделување на одобренија за користење на радиофреквенции од радиофреквенциските опсези 700 MHz, 1800 MHz и 3.x GHz. Одлуката следува по јавната расправа за таа намена која резултираше со Писмa за искажување на интерес од ОНЕ Македонија Телекомуникации ДООЕЛ Скопје, Битстрим Мобиле ДООЕЛ Скопје и од е& ппф Телеком Груп Б. В.
Најнискиот почетен изос на пазарната вредност на радиофрекфенциите како еднократен надомест за одобрението А1 изнесува 4,2 милиони евра, за одобрението Б1 е 1,5 милиони евра, а за одобрението C1, 2,320 милиони евра.
Понудувачот кој ќе се квалификува за јавното наддавање треба да уплати депозит во висина од 10 проценти од почетниот изос на пазарната вредност на радиофрекфенциите.
Рокот за доставување на понудите е 35 дена од денот на објавата, а јавното отворање на понудите ќе се изврши на 22 август во 10 часот во просторииите на АЕК.
АЕК на 22 април годинава објави намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање за нов мрежен оператор во државава, а на барање на „Оне Македонија телекомуникации“, фирмата што унгарската телеком-компанија „Фор-ај-џи“ ја регистрираше во државава по објавата за влез на македонскиот телекомуникациски пазар.
Заклучно со четвртиот квартал лани, бројот на активни претплатници во мобилната телефонија изнесува 1.975.907.
Од 10 нотифицирани субјекти во службената евиденција на АЕК во четвртиот квартал лани шест субјекти обезбедуваа јавно достапни телефонски услуги на јавна мобилна комуникациска мрежа: Македонски Телеком АД Скопје, А1 Македонија Скопје, Лајкамобајл – Скопје, Телекабел – Штип, Греен Мобиле – Прилеп и МТЕЛ – Скопје.
Испитувањето на јавното мислење од аспект на заштита на корисниците на електронски комуникациски услуги на Агенцијата за електронски комуникации, објавено на почетокот на месецов, покажаа дека најниско задоволство има од цените на услугата мобилна телефонија со 55,9 проценти.
МИА
Ново на Сител
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик
-
Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени
-
Отпечаток од рака стар 4.000 години пронајден на египетски глинен сад
-
Северна Кореја ја одбива понудата за дијалог со Јужна Кореја