АХВ дел од првата GF-TADs регионална конференција за приоритетни прекугранични болести кај животните
Делегација предводена од директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство и Главен офицер за ветеринарство, д-р Оливер Миланов, од 22 до 25 септември присуствува на Првата GF-TADs Регионална конференција на постојани групи на експерти за приоритетни прекугранични болести кај животните во Европскиот регион, која се одржува во Белград, Србија. На конференцијата присутни се делегати на Светската организација за здравје на животните (WOAH), главни офицери за ветеринарство (CVO) и службеници за здравје на животните од 53 членки на WOAH во Eвропскиот регион, претставници од Европската комисија (DG SANTE, EFSA, ECDC), ФАО и WOAH, експерти, истражувачи и креатори на политики од секторот за ветеринарно јавно здравство и заинтересирани страни од регионални сојузи и меѓународни организации (EuFMD, WHO, REMESA, IAEA).
На истата ќе се споделат најдобрите практики, знаење засновано на наука и национални искуства, ќе се претстави преглед на напредокот и усогласување на стратегиите, подобрување на подготвеноста на членовите и капацитетот на ветеринарните служби и справување со тековните предизвици, вклучително и повторна појава на болеста лигавка и шап и чума кај мали преживари. Дополнително, на поединечни сесии ќе се разговара и за прекуграничните болести кај животните, како што се чвореста кожа, чума кај мали преживари, високопатогена авијарна инфлуенца, беснило, африканска чума кај свињите и шап и лигавка.
Заедничкиот формат ќе им овозможи на учесниците да ги максимизираат синергиите, да го разгледаат напредокот и да усвојат хармонизирани стратегии за контрола на приоритетните прекугранични болести кај животните низ цела Европа. На конференцијата се очекува да бидат споделени стратегии и препораки за африканска чума кај свињите, чвореста кожа, високопатогена авијарна инфлуенца, беснило, шап и лигавка и чума кај мали преживари, да ја зајакнат регионалната соработка и партнерства, да ја зголемат подготвеноста и капацитетот на ветеринарните служби и да ја поддржат силна реафирмација на лидерството на Европа во глобалната борба против прекуграничните болести кај животните.
Ново на Сител
-
Најмалку 84 загинати во денешните израелски напади во Газа, соопштија палестински лекари
-
Алиу: Нема да даваме делумни информации за „кардиолошките случаи“, ќе ги соопштиме резултатите по целосното завршување на експертизата
-
Со повреда влегов во ринг - со вера ја освоив светската титула | Бобан Илиоски | Sitel Podcast 115
-
Писториус: Руски авион прелета над германска фрегата во Балтикот
-
Разбиена сириска мрежа: Парите од дрога ги претворале во златни прачки кои биле транспортирани и во Косово и во Македонија
-
Кремљ го обвини Трамп дека го принудува светот да купува скапи американски енергенси
-
По седум месеци „платен одмор“, отпуштените службеници во САД се враќаат на работа
-
Зеленски ги повика светските лидери на итна акција против Русија