Министерот Панче Тошковски демантира дека убиената Росица му барала помош и му испратила СМС-порака
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски категорично ги демантира наводите изнесени во јавноста дека Росица К. пет месеци пред да биде убиена му побарала помош преку испратена СМС порака. Воедно тој упатува апел овој трагичен настан да не се злоупотребува за дневнополитички цели, одговорија од МВР за „Слободен печат“.
Инаку на социјалните мрежи објавена е фотографија за која што се тврди дека е СМС-порака што Росица му ја испратила на Тошковски. Од пораката не може да се види датумот на испраќање, не може да се види дали телефонскиот број е на Тошковски бидејќи недостасуваат 3 цифри.
Во пораката пишува: „Се надевам дека пишувам на правилно место и дека конечно некој во оваа држава ќе отвори уши и очи за мојата безисходна ситуација. Сепак оваа власт ја гласавме и поддржуваме ние граѓаните. Човекот кој од декември месец па наваму ме демне, ме тепа и нанесува друг вид насилство, силува, прогонува и последно пред 5 дена ми ја запали колата е се уште на слобода! Вратен му е пасошот од МВР и во моментов слетува во Берлин, пишува во пораката каде се додаваат и бројот на предметот во Велес и бројот на предметот во Скопје“
Тошковски за „Слободен печат“ вели дека оваа порака не е веродостојна.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ број 9, СДСМ број 5 на гласачкото ливче за локалните избори
-
Арсовска: И јас се извинувам на граѓаните што сум мислела дека си чесен, професор и интелектуалец
-
ЦУК: Активни четири пожари, исто толку се под контрола, еден е изгаснат
-
Песков: Предлогот на Путин за намалување на нуклеарното вооружување е гест на добра волја
-
Насилство во Прилеп, петмина физички нападнале две лица, користејќи тврди предмети
-
Возач оставил тешко повреден Турчин во Државна болница па заминал, лицето подоцна починалo
-
Полицаец од Велес се заканувал на човек од кого купил автомобил кој требало да е исправен, но по кратко возење останал во дефект
-
Мицкоски: Ѓорѓиевски во првите 72 часа ќе го исчисти сметот во Скопје, одговорност ќе има со име и презиме